Достапни линкови

logo-print

Почна уништувањето на оружјето од акцијата за разоружување


Со денешното уништување на цевкастото оружје во печките на Макстил, откако пред крајот на минатата година на армискиот полигон "Криволак" беа уништени минско експлозивните средства и муницијата, практично завршува операцијата за доброволно предавање на оружјето што беше спроведена од 1-ноември до 15-ти дкември минатата година:

„Ќе се уништат 3020 парчиња цевкасто оружје. Со ова уништување практично ќе се уништи севкупното собрано оружје, освен она оружје кое е проблематично, односно она оружје кое е во процес на добивање дозвола за несење на оружје. Полицијата ако им издаде дозвола, ќе им го предадеме оружјето, а ако не ќе мора и тоа оружје дополнително да се уништи.“

изјави полковник Благоја Марковски.

До МВР, до овој месец, се поднесени вкупно 5203 барања за легалиација на оружјето:

„При што, 4511 се позитивно одлучени, 472 се негативно одлучени, додека 220 барања се во постапка на одлучување,"

информира Борче Пешевски од МВР.

До второстепената комисија на владата се поднесени 99 жалби. Таму каде што комисијата одговорила негативно на барањата за легализација. Пешевски вели дека деновие ќе биде завршена и оваа постапка што се одвиваше паралелно со акцијата за предавање на оружјето. Во рамките на акцијата беа собрани 7571 парче оружје. Според невладините организации и експертите, беше оценето дека операцијата не е во целост успешна и оти е неопходно таа да биде продолжена. Полковник Благоја Марковски вели:

„Со оваа законска регулатива фактички ја завршивме операцијата. Значи, за покренување на една таква иницијатива, треба и покривање со нова законска регулатива. Има размислување на ниво на нашето државно раководство и на ниво на меѓународните организации, но дали и кога ќе дојде до тоа, ќе видиме.“
XS
SM
MD
LG