Достапни линкови

Мадрид: Победа на опозиционата социјалистичка партија на изборите


Врз основа на 99,9 насто од преброените гласови, на вчерашните парламентарни избори во Шпанија победи опозиционата Социјалистичка партија. Социјалистите озвојија 164 наспроти 148 места во 350 члениот парламент колку што доби досега владеачката Народна Партија на Хозе Марија Азнар. Мандаторот на новата влада Хосе Луис Сапатеро најави мирна транзиција, соработка со партиите и единство во борбата против тероризмот. Промените се случуваат на бранот на бомбашките напади во Мадрид при што загинаа 200 луѓе, за што одговорноста ја прифати Ал Каеда иако тоа не е официјално потврдено.
XS
SM
MD
LG