Достапни линкови

Москва: Владимир Путин повторно избран за претседател на Русија


Владимир Путин е повторно избран за Претседател на Русија со над 70 насто добиени гласови на вчерашните избори. На второ место беше кандидатот на Комунистичката партија Александар Вешњаков кој доби околу 14 насто од 98 насто обработени гласови. На изборите излегоа 64 насто граѓани со право на глас. Путин зборувајки изутрината, како свои приоритети ги истакна економскиот растеж и развојот на демократските принципи. Нема извештаји за нарушување на изборниот процес, но западните посматрачи оценија дека медиумите, особено државната телевизија биле не фер во покривањето на кампањата, особено малку простор давајки им на опозиционите кандидати.
XS
SM
MD
LG