Достапни линкови

Москва: Претседателски избори


Во Русија се одржуваат председателски избори на кои главен фаворит е актуелниот шеф на државата Владимир Путин. Против кандидати на Путин се комунистот Николај Харитонов, либералдемократот Олег Малишкин и независните Ирина Хакамада, Сергеј Глазњев и Сергеј Миронов. Познавачите проценуваат дека единствена закана за реизборот на Путин, не се другите кандидати туку можниот слаб одзив на гласачите бидејќи за да победи во првиот круг за него треба да гласаат најмалку половина од 109 милионското гласачко тело. Изборите започнаа уште синоќа на рускиот Далечен Исток, а ќе завршат доцна вечерва во калининградската област. Поради разликата во времеските зони изборите во Русија ќе траат 24 часа. Прелиминарните резултати се очекуваат утре, а официјалните на 25 април. На изборите двеилјадитата Путин победи во првиот круг.
XS
SM
MD
LG