Достапни линкови

logo-print

Политичките партии во Македонија речиси со утврдени кандидати


Во СДСМ засега без поголеми турбуиленции. Се чека на лидерот Бранко Црвенковски. Доколку тој одлучи да не се кандидира за претседателски кандидат, тогаш Владо Бучковски и Тито Петковски кој важи за еден од луќето од кој често може да се слушнат критики упатени до раководството на партијата и владата се најсериозните претседателски кандидат од СДСМ.
Не им е лесно ни на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Се по извесно е дека претседателски кандидат на партијата ќе биде Сашко Кедев кој веќе во јавноста ја истакана намерите за кандидатура. Но, и пратеникот и ек министер за внатрешни Работи Љубе Бошковски од редовите на истата партија ќе се кандидира на престојните претседателски избори. Од неговата Партија му посакаа среќа:

„Јас исто така им посакувам среќа. Јас и понатаму по убедување сум ВМРО-овец и ја следам идејата на ВМРО. Тоа што има некои несогласувања, односно што нема желба да се разговара со мене од страна на партискиот врв, односно од страна на господинот претседател Груевски и потпретседателката Ганка Самуилова Цветанова тоа е друго прашање.“

вели Бошковски.

Во Албанскиот политички блок веќе се е познато ДПА и ДУИ се партиите кои ќе истакнат претседателски кандидат. ПДП откако се договори да го подржи кандидатот на ДПА се предомисли бидејки голем дел од члентвото како и истакнати поединци во оваа партија се спротивставиле на ваквата идеа заканувајки се со напуштањее на партијата. ДПА на претседателските избори ќе ја вооди лидерот Арбен Џафери:

„Не е сигурно политичка или лична амбиција, туку потреба во Македонија да се отвори повторно една широка политичка дебата, за понудите на политичките партии.“

Одлуката на просперитеот за коалицирање со ДУИ ја соопшти претседателот Абдулменаф Беџети:

„Би рекол едногласно донесовме одлука за заеднички пристап во коалиција заедно со ДУИ на изборите.“

Со оглед на случувањата и скратените рокови во кој треба да се спроведат изборните активности професорот Јован Донев посочува:

„Пожестока ќе биде кампањата сигурно, тоа е сигурно. Покус е рокот. Сосема е нормално, она што партиите треба да го одработат за 30 дена, сега за 12 дена треба да го одработат. Значи ќе имаме доста емоции, меѓутоа одзивот ќе биде како и на сите други избори, можеби помал од парламентарните, меѓутоа горе-долу тој ќе биде одзивот отприлика."
XS
SM
MD
LG