Достапни линкови

logo-print

ПДП и ДПА заедно, ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со свои кандидати


ДПА и ПДП со заеднички кандидат на престојните претседателски избори. А владеачката ДУИ ќе оди со сопствен претседателски кандидат.

„Што се однесува околу меморандумот за соработка со ПДП, е со цел да обезбедиме поширока поддршка кај електоратот. Списокот на имињата не е поголем од двајца кандидати"

изјави портпаролот на ДПА Демуш Бајрами. Откако пропадна идеата на ПДП за заеднички напстап на албанскиот политички блок на престојните претседателски избори од оваа пристигна најавите дек и тие ќе излезат со сопствн кандидат но како што вели портпаролот кенан Алиу.

„Политика е проклета професија и се е можно.“

Кандидатот на ДУИ ќе биде познат во текот на наредната недела

„Правото за одредување на кандидатот е дискреционо право на претседателот на партијата господинот Ахмети.“

изјави портпаролот Ермира Мехмети.

Во Македонскиот политички блок пак претседателските кандидати ќе се знаат наредната Недела. Прв претседателскиот кандидат ќе го објави опозициската ВМРО ДПМНЕ в понеделник додека СДСМ во Среда. Во владеачката Соцјал Демократи се зависи од лидерот Брнко Црвенковски

„Ако Црвенковски го прифати предизвикот, евидентно е дека другите четири- пет кандидати ќе се повлечат."

изјави Владо Бучковски кој по лидерот Црвенковски има најреални шанси да биде номиниран за претседателски кандидат. Денесак ќе се одржи и средба на лидерите на владинит колициски партнери СДСМ ,ДУИ и ЛДП.
XS
SM
MD
LG