Достапни линкови

Свет: Реакции по терористичките напади во Мадрид


Британскиот министер за надворешни работи Џек Стро ги оквалификува денешните атентати во Мадрид како напад врз принципите на европската демократија. Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изрази солидарност кон шпанскиот премиер Хосе Марија Азнар во врска со денешните атентати во кои загинаа над 60 лица. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер ги осуди денешните напади во Мадрид нарекувајќи ги ужасен терористички акт. И францускиот претседател Жак Ширак ги осуди денешните атентати и изрази сочувство до семејствата на жртвите во телеграма упатена до шпанскиот премиер Хосе Марија Азнар. Генералниот секретар на Советот на Европа Валтер Швимер денеска остро ги осуди напдите во Мадрид во кои загинаа повеќе од 60 лица.

„Чувствувам голем презир спрема оние кои ги направиле тие насилни дела. Ниту една причина не може да го оправда тоа варварство кое е против се она за што се залага Советот на Европа“, вели Швимер.
XS
SM
MD
LG