Достапни линкови

logo-print

Завршува собирањето податоци за авионската несреќа на претседателот Трајковски


До крајот на неделава треба да заврши собирањето на податоци за околностите во кои се случи несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски, по што ке следи нивна анализа, информира претседателот на истражната комисија Салко Беглиќ кој додава дека денеска во Скопје завршува со работа тимот на експерти од Босна кои неколку дена работеа заеднички со македонските експерти.

„Комисијата која ги испитува причините за несреката во која се сруши авионот на 26 и понатаму работи по процедурите и се наога во фаза на собирање на податоци и доказни материјали со што мислиме дека ке завршиме оваа недела, а наредната недела ке се премине во фаза на анализа на собраните податоци. Денеска од Скопје ке ги имаме првичните информации како за производителот на авионот, во која земја се случил настанот, од каде тргнал авионот каде требало да слета, метеоролошки услови и информации кога авионот влегол во воздушниот простор на Босна. Значи станува збор за технички податоци,“

Вели Беглиќ кој информира оти од утре тимот кој беше во Скопје ке и се приклучи на босансаката комисија. Тој објаснува дека доказните материјали прво ке се анализираат, а потоа од нив ке бидат елиминирани оние кои за кои ке се оцени дека не влијаеле на несреката. Притоа додава Беглиќ посебен акцент ке се стави на податоците кои имале влијание и ке се работи на реконструкција на настанот.

Досега надлежната истражна комисија ги има добиено и податоците од едната црна кутија, односно регистратрот на летот која подлежи на специјална анализа поради технички недостатоци, што значИ останува да се доставата податоците и од другата црна кутија која говори за состојбата на авионот. Македонските истражни органи објаснуваат дека целата оваа постапка може најрано да заврши за месец и пол, бидејки станува збор за стандардна процедура предвидена со Мегународниот кодекс за цивилно летање. Оттаму посочуваат дека потоа случајот се предава на босанското јавно обвинителство кое е надлежно за случајот, кое пак по завршувањето на истрагата треба да одлучи дали постои основ за кривично дело, станува збор за несрекен случај и слично.
XS
SM
MD
LG