Достапни линкови

logo-print

Истанбул: Истрага за вчерашниот самоубиствен напад


Властите во Турција се обидуваат да откријат кој стои зад вчерашниот самоубиствен напад врз масонската ложа во Истанбул во кој две лица загинаа а 6 беа ранети. Доцна синоќа две вооружени лица од кое едното со експлозив на телото влегоа во ресторанот на масонската зграда во азискиот дел на Истанбул при што во нападот загина келнерот и едниот од напаѓачите. Засега никој не ја прифати одговорноста за нападот. Масоните се тајна организација со средновековни корени и се многу активни во Турција. Повеќе од 60 лица загинаа во 4 самоубиствени напади во Истанбул врз британски и еврејски цели од минатиот ноември досега.
XS
SM
MD
LG