Достапни линкови

logo-print

Партиите ги започнаа подготовките


Претседателските кандидати на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат познати наредната недлеа. На Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ кој се одржа во Прилеп одлучено партиската Конценција на која ќе биде избран претседателскиот кандидат да се одржи в понеделник:

„Беше искажан огромен револт од членовите на ЦК, во врска со неприфаќањето на измените од страна на опозицијата во врска со законот за избор на претседател на Македонија, неконсултирањето на опозицијата, како и неконсултирањето во врска со поставувањето на претседателот на ДИК. Ситуации кои апсолутно фрлаат сомнеж врз целиот изборен процес. Но, без разлика на големиот револт од наша страна, ЦК донесе едногласна одлука да оди на претседателските избори и тоа со свој кандидат,“

изјави Ганка Самоиловска Цветанова. Како најсериозен претседателски кандидат од оваа партија се спомонеува Сашко Кедев. Иако и желбата на екс министерот за внатрешни Работи Љубе Бошковски не е мала. Тој најави дека ќе успее да ги собере потребните 10 илјади потписи од граѓаните независно дали ќе биде номиниран како претседатлски кандидат од страна на партијата. А од таму му посакуваат среќа доколку се кандидира.

Во СДСМ заседаваше претседателството на партијата, каде исто така е одлучено Конвенцијата на која ќе се избере претседателскиот кандидат дасе одржи во текот на наредната недела. Црвенковски, Бучковски и Митрева се спомнуваат како можни претседателски кандидати од оваа партија

„Претседателството на ЦО ќе ги разгледа сите можни евидентирани кандидати и на ЦО ќе му предложи листа на кандидати кои ќе бидат кандидирани на конвенцијата што ќе се одржи наредната недела.“

изјави портаролот на СДСМ Борис Кондарко, кој прецизира дека Централниот Комитет на СДСМ ќе заседава во четврток.

И во Албанскиот политички блок кандидатурите ѓе бидат познати кон кон крајот на неделава.

Инаку, Собранието денеска ги доплнува испразнетите места во ДИК. Се избира секретар и негови заменици, а ќе се пополни и испразнетот месето во ДИК од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ одлучи да ги задржи стратите членови Мери Младеновска и Александар Новаковски.
XS
SM
MD
LG