Достапни линкови

Македонија има сила да спроведе фер и демократски избори


Очекуваме во земјава да се спроведат фер и демократски претседателски избори, и покрај скратените термини за спроведување на изборните активности, велат претставниците на мегународната заедница во земјава:

„Специјалниот претставник на Европската унија се надева дека ке има фер изборна кампања за претседателските избори што ке се случува во наредните неколку недели, како и воопшто фер и демократски избори. Мегународната заедница веке е присутна на теренот и ке го набљудува и овој процес, како и другите кои се случуваат во земјава.“

„Изборниот процес започна и несомнено е дека ке има многу предизвици, но ние сме убедени дека Македонија има сила да спроведе фер и демократски избори и покрај скратените рокови.“

Изјавија Шина Томсон од Европската унија и Изабел Де Рут од ОБСЕ.

Од Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, надлежна за мониторинг мисиите велат дека бројот на набљудувачи ке биде познат наскоро.

„Ние сеуште очекуваме покана од Министерството за надворешни работи во Македонија и дотогаш не можеме прецизно да кажеме колкав ке биде бројот на набљудувачи. Се разбира во мегувреме ние се подготвуваме за да можеме брзо да одговориме на обврската.“

Изјави портпаролот на канцеларијата, Урдур Гунарсдотир.

Во министерството за надворешни работи објаснуваат дека тие се надлежни само да ја информираат Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, за начинот на спроведување на активностите за изборниот процес, а информацијата треба да ја подготви Собранието.

Веднаш откако ке ја добиеме таа информација ќе ја доставиме до канцеларијата на ОБСЕ по што тие се надлежни да ја подготват и испратат набљудубачакта мисија во земјава, велат во МНР.
XS
SM
MD
LG