Достапни линкови

На 14-ти април вонредни претседателски избори


Вршителот на должноста претседател на државата Љупчо Јордановски го доставил решениетро за распишување на претседателските избори до претседателот на Државната Изборна Комисија Стево пендаровски.

„Сите рокови за изборните дејства почнуваат да течат од вчерашниот ден, а изборите ќе бидат на 14-ти април, Среда. Постојат само два датуми во рамките на тие 40 дена, 14-ти или 15-ти. Се одлучив за 14-ти затоа што 15-ти, во вториот круг е пред првомајските празници, па можеби тоа ќе има влијание на одзивот.“

Јордановски се надева на фер и демократскли избори.

„Јас сум убеден дека учесниците во изборното натпреваруавње, ќе го сочуваат дигниеттот на изборниот процес, како и меѓусебното почитување и уважување.“

А од денеска веќе поконкретно стартуваат и партиските актиности за подготовките за престојните претседателски избори. Во Прилеп денеска ќе заседава Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ. Оваа партија вчера реагираШе на решенито на Јордановски да го назначи претседателот на ДИК без нивна консултација:

„Тоа е непартиски решение и сметам дека според оддекот во различните партии И граѓаните, изборот е добар.“

И СДСМ ги започнува подготовките за престојните претседателски избори. Денеска ќе заседава претседателството на партијата каде ќе бидат предложени скратени термини за одржување на партиската конвенција која најверојано ќе се одржи кон крајот на неделава.

Во Албанскиот политички блок е извесно дека ДПА ќе оди со сопствен кандидат, а во ДУИ сеуште е неисвесно. Ќе предложат или пак од старт ќе го подржат кандидатот на владеачката СДСМ. Бидејќи пропдана идејата на ПДП албанците да настапат со еден претседателски канддат и оваа партија со сопствени сили ќе се натпреварува на престојните претседателски избори

За време на предизборната кампања собранието нема да работи, соопшти вршителот на должноста претседател Љупчо Јордановски:

„Во текот на изборната кампања нема да работи, но Собранието до изборната кампања ќе има неколку седници. Законот за децентрализација ќе дојде во оној момент кога владата ќе ги дефинира конечните законски решенија.“
XS
SM
MD
LG