Достапни линкови

Скопје: Претседателски избори на 14-ти април


Првиот круг на вонредните претседателски избори во Македонија е закажан за 14 април, соопшти денеска на прес-конференција во Скопје, вршителот на должноста шеф на државата претседателот на Собранието Љупчо Јордановски. Деновите на одржувањето на изборите ќе бидат неработни, а во текот на изборната кампања нема да се одржуваат седници на собранието.
XS
SM
MD
LG