Достапни линкови

logo-print

Усвоени измените на законот за избор на претседател


Пратениците вчера дадоа виза за измените и дополнувањата на законот за избор на претседател чија цел е да се прецизираат изборните активности во случај на престанок на мандатот на претседателот по основ на смрт. Според законските измени, од денот на распишување на изборите, на органот надлежен за водење избирачки списоци му се дава рок од пет дена да ги направи сите подготвителни активности за да им се овозможи на граѓаните да предложат кандидат за претседател, како група граѓани. Во рок од десет дена пак ќе може да се соберат потписите од граѓаните во подрачните единици на Министерството за правда. Притоа се скратуваат и роковите за изборната кампања за сметка на правото на граѓаните за собирање потписи. Кампањата предвидено е да трае 10 до 12 дена, а тоа зависи од терминот во кој претседателот на Собранието ќе ги закаже изборите. Мегудругото во текот на собраниската расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ И со свои забелешки

„Именуваните функционери и тие што ќе се најдат како кандидати, од моментот на верификација на нивната кандидатура, да им престане, односно да влезе во мирување нивната функција."

изјави Горги Оровчанец.

Политичките партии од денеска започуваат и со интензивни внатрепартиски активности за подготовка на претстојните претседателски избори. Денеска седница ке одржИ Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а партиската конвенција според најавите ќе се одржи во петок или понеделник. Во коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија се категорични оти ќе настапат заеднички

„Па, ние сме во коалиција изборна со ВМРО-ДПМНЕ и ќе одиме заедно."

изјави либералот Стојан Андов.

Од денеска ќе заседаваат и највисоките партиски органи на СДСМ, Извршниот одбор и Централниот одбор, а конвенцијата според најавите ќе се одржи викендов или најдоцна на почеток на наредната недела. Во наредните денови се очекува одлука за настапот на изборите да донесат и партиите од албанскиот блок.

„ќе имаме наш кандидат на претседателските избори, ние веќе донесовме одлука дека ќе имаме наш кандидат."

Изјави Мендух Тачи од ДПА. Од ПДП пак сметаат оти е најдобро Албанците во Македонија да излезаат со единствен кандидат, а во случај ова да не биде прифатено, тие ке предложат свој кандидат. Во Демократската унија за интеграција на Албанците засега не информираат на кој начин тие ке настапат на изборите.

Датумот на одржување на претседателските избори според најавите, Љупчо Јордановски, вршител на должноста претседател на државава треба да го објави денеска. Инаку во неделата почна да тече рокот од 40 дена во кој според Уставот и законот треба да се изврши изборот на нов шеф на државава, а ова следи откако во саботата Уставниот суд по службена должност констатира престанок на мандот претседател на државава на Борис Тарјковски по основ на смрт.
XS
SM
MD
LG