Достапни линкови

САД: Примарни избори за претседателски кандидат на демократите во четири јужни држави


Со денешните примарни избори во 4 јужни држави се очекува Сенаторот Џон Кери и формално да ги добие делегатските гласови потребни за јулската номинација на Демократската Парија за кандидат за претседател на Соединетите Држави. Изборите ке бидат одржани во Флорида, Тексас, Луизијана и Мисисипи држави кои на минатите избори не им беа наклонети на Демократите. Во Флорида, Кери го обвини претседателот Џорџ Буш дека донесол лоша и избрзана одлука за Ирак која чинеше американски животи. Буш пак изјави дека Кери е неодговорен кога предлага кратење на буџетот за разузнавање за 2005 година.
XS
SM
MD
LG