Достапни линкови

Целосна блокада на железничкиот сообраќај во земјава


Плата три месеци не ни даваат, не отпуштаат од работа без да не консултираат, не сакат да комуницираат со нас, а ние под ваков притисок треба професионално да си ги извршуваме своите работни обврски велат вработените во „Македонски железници“ каде трансформацијата на ова претпријатие директно ќе погоди 900 вработени кој ќе мора да ги напуштат своите работни места.

„Во услови кога немаме земено плата три месеци, кога некој те брка од работа, ти ја загрозува егзисетнцијата кон фамилијата, што ни останува друго?"

вели Марјан Ристевски претседател на синдикатот на железничарите. Борбата на синдикатите во македонски железници да го спречат ваквиот процес на трансформација засега се сведува на шетање од една до друга врата:

„Ќе пратиме отворено писмо до премиерот, премиерот не упатува до министерството за транспорт и врски и до министерството за труд и социјала. А, од таму никаков знак дека сакаат да преговараат со нас."

вели Влатко Јовановски претседател на синдикатот на машиновозачите. Синдикатот не го прифаќа аргументот на Првиот човек на желзници кој вели, не е до мене , одговорот е во владата, ако тие одобрат средства ќе има за сите.

„Ние со менаџерите контактираме, ама тие велат не е до нив. Владата ја носи одлуката за финансирање, а УО разрешувањето каде што генералниот директор не припаѓа. Тој вели, јас немам пари мора за тоа владата да реши."

А фактичката ситуација вели, точно пред една недела На управниот одобр на јавното претпријатие „Македонски железници“ е донесена одлука за отпуштање на вишокот вработени.

„До крајот на месецот треба да се истакнат списоците на 900 вработени"

За луѓето од министерството за транспорт и врски ситуацијата е јасна трансформацијата мора да се спроведе така како што веќе е договорено со светската банка. Вака предложениот модел предвидува македонски железници да се подели на два дела, транспорт и инфраструктура.

„920 мора да се отпуштат во првата фаза, а дали ќе има и која бројка ќе биде во наредните фази ќе се види со акциониот план."

Вели заменик министерот за транспорт и врски Дејан Кошутиќ. Како резултат на ваквиот развој на настаните и немоќта на синдикатите во железници да се справат со овие проблеми, тие се одлужија на според нив единственот решение, комплетна блокада на железничкиот сообраќај.

"Нема да има ни патнички, ни товарен, ни меѓународен сообраќај, генерален штрајк."

Зад ваквата одлука стојат четири синдикати од вкупно шесте колку што функционираат во „Македонски железници“ или тоа е бројка од 2700 вработени кој се решени на ваков начин да ги остварат своите барања, исплата на трите заостанати плати и отпуштање на вработените, но со опремнина не помала од седум илјади евра по човек.
XS
SM
MD
LG