Достапни линкови

Забелешки од опозицијата


Скратувањето на роковите за изборната кампања е на сметка на правото на граѓаните за собирање потписи, гласеше објаснувањето на минисетрот за правда Иџет Мемети, образложувајќи ги измените на предлог-законот за избор на претседател, кој по итна постапка денеска треба да биде усвоен во Собранието. Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ со свои забелешки на законот. Проблемот е што не бил прифатен нивниот предлог, доколку кандидатот за претседател е некој од државните функционери, неговата функција да биде замрзната во текот на изборната кампања. Тие сметаат дека треба да се пролонгира и рокот за изборната кампања. Сепак, конкретните забелешки оваа партија ќе ги соопшти непосредно пред почетокот на денешната собраниска седница, изјави за Радио Слободна Европа координаторот на пратеничката група Коце Трајановски.

За нивниот коалиционен партнер, ЛП, измените во законот за избор на претседател се прифатливи:

„Законот се оди да биде донесен во дебата од еден ден, таков е предлогот и мислам дека е доста добар. Немаме некои сериозни приговори. Ние сме во изборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ќе одиме заедно на изборите,“

изјави Стојан Андов.

Во ДПА се разгледуваат новите измени на предлог законот, а до крајот на неделава ќе се знае нивната одлука за претседателскиот кандидат, вели портпаролот Демуш Бајрами:

„Централното собрание на партијата ќе се состане во текот на неделата и ќе одлучи за учеството на овие избори и за кандидатот.“

Додека за ПДП, рокот од десет дена за собирање на потписите на граѓаните не е доволен.

„Тука се кршат правата на граѓаните и партиите на власт намерно не им овозможуват на другите да истакнуваат кандидати за претседател на државата. Второ, гласачкото ливче воопшто не е двојазично,“

вели Абдулади Вејсели кој го повтори ставот на партијата Албанците во македонија да излезат со единствен кандидат на идните претседателски избори. Доколку нивниот предлог не биде прифатен од останатите албански партии во Македонија, ПДП сигурно ќе настапи со свој претседателски кандидат на претстојните избори. Во владеачката СДСМ пак,интензивно се работи и се вршат подготовки за избор на претседатеслкиот кандидат од оваа партија. Претседателството на партијата треба да заседава денеска, каде ќе бидат предложени скратени термини за одржување на партиската конвенција, која најверојатно ќе се одржи кон крајот на неделава. Датумот на одржувањето на предвремените претседателки избори, денеска или најдоцна утре ќе го соопшти в.д. претседател на државата Љупчо Јордановски.
XS
SM
MD
LG