Достапни линкови

Од нас зависи дали ќе се избориме за стабилна и просперитетна заедница


За тоа каква ке биде позицијата на Македонијата на мегународната сцена по трагичната смрт на претседателот Борис Тарјковски, зависи од однесувањето на државните институции и генерално на политичките субјекти во земјава, оценуваат експертите:

„Се зависи од нас и од нашето поведение тука во Македонија. Спздавање на ваков политички вакуум, како овој што се случи во Македонија со трагичната смрт на претседателот е нешто што потресува и постабилни политички системи од македонскиот. Спорд тоа, претпоставувам дека нема да биде се мазно, но бидејќи самиот факт дека се оди на избори е еден вид мала дестабилизација на земја. Меѓутоа, се надевам дека политичките партии имаат научено некои лекции,“

вели професорот од Правниот факултет Денко Малески. Дека треба се имаат во предвид сите фактори кога се говори за македонската позиција, смета и Гунер Исмаил член на Националниот совет за безбедност

„Не треба да го занемариме и оној фактор однадвор, кој ќе се обиде да ги активира своите линии за лов во матно. Нешто од коешто Македонија, не страда една, пет туку можеби стотина години. Се разбира, ние во оваа ситуација сме хендикепирани со отсуството на лидер од форматот на покојниот претседател Трајковски.“

Професорката Билјана Ванковска од Филозовскиот факултет посочува дека Македонија треба да го искористи фактот што соодветно реагираше во трагичната ситуација по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, со цел да добие конкретна меѓународна поддршка:

„Македонија ужива големи симпатии. Многу е битен факторот на којшто општеството реагираше на овој трагичен настан, што покажува дека се случува еден интегрирачки процес. Мислиме дека ова е моментум, во кој треба да се искористи оваа некоја поволна светлина која паѓа на Македонија и да се изврши „притисок“ на меѓународните фактори на конкретен начин да помогнат на земјата.“

И Малевски смета дека деновиве Македонија доби јасен сигнал од претставниците на мегународната заедница

„Пораката упатена до Македонија е јасна. Вие имате многу пријатлеи во светот. На вас останува, заедно со наша поддршка да се изборите за една стабилна, просперитетна заедница која ќе се вклучи во ЕУ.“
XS
SM
MD
LG