Достапни линкови

Алфред Мојсиу, претседател на Албанија. Политичари од калибарот на Трајковски му се потребни на Балканот


Господине Мојсиу, бевте пријател со покојниот претседател Борис Трајковски, често се среќававте, како ја примивте веста за неговата трагична смрт?

За мене тоа не беше само изненадување туку една вистинска бомба, не затоа што беше млад човек и беше енергичен, Трајковски и беше потребен на оваа земја и овој народ. Навистина тој направи доста добри работи и сеуште работеше во таа насока. Тој направи извонредна работа со помирувањето на Албанците и Македонците за време на воената криза во земјава. Тој навистина ми беше пријател, другар и соработник, постигнавме една блискост што влијаеше многу позитивно на обете страни. СО него разговарав телефонски речиси секоја втора недела, а за викендов имавме планирано во Погрдаец да седнеме на еден неформален ручек. Смрта на Трајковски преставува голема загуба не сама за македонија туку и за целиот регион. Политичари од калибарот на Трајкоски побребни се многу на Блаканот, бидејки овој регион несреќно пател доста од национал шовинистичките тенденции. Трајковски во таа смисла беше човек со чиста душа, човек кој имаше разбирање за времето во кое се наоѓаме и работеше искрено за мир и меѓусебно разбирање. Контактите со лучето разговорите и средбите со нив Трајковски ги сметаше како неопходност. Дијалогот за него беше единствениот начин за решавање на проблемите

Колку според вас господине Мојсиу мож да влијае загубата на Трајковски во свекупните политички и безбедносна состојба во регионов и земјава?

Ја се сретнав со вршителот на должноста претседател на РМ Јордановски, и пријателски му реков дека треба да продолжите со делата и работите на претседателот Трајковски, бидејки тоа е за ваше добро и за доброто на целиот регион. На сите веќе им е јасно дека војната не е таа која ги решава проблемите, тоа е мирот кој име потребен на сите. Ние луќето од Балканот кои имаме една навистина страшна историја нема зошто да продолжиме по страиот пат. Несрќно е што во Србија се избраа голем дел од пратениците кои припаќаат на радикални и националистички сили. Н о ние се надеваме дека и самиот српски народ ќе сфати дека не е тоа патот кој и е потребен на една земја.

Македонија, Албанија и Хрватска се потписники на Јадранската повелба може ли да влијае трагичната смрт на Трајковски во релизацијата на зацртаните определби од оваа повелба?

Не. Тие определби ќе се реализираат, бидејки се во интерес на нашите земји и се однесуваат на идните стратешки цели на нашите држави. Нема друг пат за нас, освен интеграцијата во евро атлантските структури. Ова е еден сериозен ангажман. И во Албанија и во македонија колку што сум информиран сите политички сили без разлика дали се од опозиција или од власт целосно се залагаат за интеграција , и затоа мислам дека ова е една работа која ќе ја завршиме. Мене ми е жал дека Трајковски нема да го види тоа. Многу сакаше да го види и сонуваше за тоа.

Господине претседател како ја оценувате имплементацијата на Рамковниот договор чиј покровител беше токму покојниот Трајковски?

Секогаш кога ќе се сретнме или разговараме телфонски со Трајковски го советував да ја води напред реазлизација на законските проекти кои прозлегуваа од Рамковниот Договор бидејки само така Македонија би имала стабилност. Тој ме сфаќаше и имаше разбирање за тоа.

Како ги гледате во иднина одноите меѓу двете земји, без разлика кој ќе го наследи претседателот Трајковски?

Мислам дека патот кој го отвори појкојниот претседател Трајковски во односите меѓу двете земји ќе продолжи, бидејки тоа е во интрес на двете држави. Нешто што е за доброто н двата народа нема потреба да прекине, било тоа е и аманет на претседателот Трајковски. Но пред се тоа е неопходност за нашиот соживот.

Колку и како според вас г.Мојсиу ќе вијае решавањето на конечниот статус на косовското прашање во регионов. Мислам на безбедносен план?

Јас во Скопје се сретнав со г.Холкери и тој беше многу радосен што првата средба меѓу косовските и српските преставници неделава во Приштина била успешна и покрај тоа што на неа се разговарало за текнички прашања. Тој ме увери дека е донесна одлука и проблемот со приватизацијата на Косово да тргне напред што е дел од исполнувањето на стандардит кои ги воспостави меѓународната заедница за решавање на конечниот статус на Косово, бидејки како што рече тоа е во интерес на Косово, регионот и Европа. Ние како соседна земја ќе ги подржиме сите напори на меѓународнаа заедница за решавање на ова прашање, бидејки и ние сметаме дека тоа е во интеес на сите.

И за крај господине Мојсиу, која е вашата порака до македонскиот народ и албанците кои живеат во македонија по смрта на нивниот претседател?

И покрај тоа што се работи за огромна загуба, трагична и прерана смрт, мислам дека и македоните и албанците кои живеат во Македонија треба да сфатат дека во нивен интерес е соживото и заедничката егзистенција. Не може да има граѓани од прв или втор ред. Сите граѓани се еднакви. Само така може да се осигури продолжување на сето тоа што е постгнато досега во оваа земја.
XS
SM
MD
LG