Достапни линкови

Вашингтон: САД не се загрижени поради одложувањето на потпишувањето на ирачкиот устав


Официјален Вашингтон соопшти дека не е загрижен поради тоа што е одложено потпишувањето на новиот ирачки Устав. Секретарот за печатот на Белата Куќа Скот Меклилан оцени дека проблемите меѓу членовите на владејачкиот совет на Ирак околу документот се од техничка природа и оти станува збор за, како што рече, демократија во акција. Потпишувањето на Уставот требаше да се случи вчера, но петтмина членови на Ирачкиот совет одбија да го сторат тоа бидејќи со документот се предвидува поширока автономија за Курдите на северот од Ирак.
XS
SM
MD
LG