Достапни линкови

Нема посериозни нарушувања на политичко безбедносната ситуација по смртта на Трајковски


Нема простор за посериозни турбуленции на политички и безбедносен план, по трагичната смрт на Претседателот Борис Трајковски, оценува професорот на Филозофскиот Факултет Јован Донев. Според него, Македонија има институции кои можат да одговорат на обврските и во вонредни ситуации.

Лично не очекувам дека може да имаме сериозни пореметувања ниту на политичката, ниту на безбедносната сцена и доколку ги има тие ќе бидат резултат на кампањите што политичките партии ќе ги водат за изборот на нов Претседател. Роковите се куси, тие се нервозни, кандидатите не им се подготвени, и сето тоа сигурно ќе влијае на нивото на култура .. така да сето тоа, на еден или на друг начин ќе влијае на безбедносната ситуација во Македонија, на стабилноста. Меѓутоа во принцип, не би требало да се очекува некакви сериозни загрозувања на безбедноста во Република Македонија, од причина што сепак ние 13 години функционираме и имаме стекнато одредено искуство.

Вели професор Донев кој додава дека, веднаш по закопот на Шефот на државата, претстои жестока кампања.

Роковите им се куси, нервозата е голема… СДСМ не смее да си дозволи да ги изгуби изборите, исто така и ВМРО ДПМНЕ не смее да си дозволи да ги изгуби изборите… Ќе има жешка кампања и некој ќе мора да биде губитник.

Професорот истакнува, дека постојат некои опасности од флексибилно толкување на постојните правни норми кои се однесуваат на спроведување вонредни претседателски избори. Според него, нема простор за најавите за промена на Уставот.

Најавите за промена на Уставот се несериозни. Такво нешто нема шанси да се толерира, а измените во Законот за избор на Претседател се неопходни, затоа што таму навистина има празнина околу рокот за избор на Претседател за 40 дена. Незнам што значи тоа да се изберe.

Нејаснотиите околу прашањето дали треба да започне изборната постапка, во со Уставот предвидените 40 дена, по констатирање на престанок на мандатот на Претседателот или пак да заврши, односно да се избере нов Претседател, не треба да се злоупотребуваат. Уставот мора да се почитува и нема простор за дискусии, категоричен е професорот Донев. Потребно е само прецизирање на роковите за спроведување на изборните активности, како рокот за доставување на листи на кандидати до Државната изборна комисија, за откажување од канидатура, за собирање на 10 илјади потписи за кандидатура и слично. Според него, повикувањата на Владата за консензус во врска со изборното законодавство е недозволиво. Во вакви случаи мора да надвладее правото, а не политиката, смета Донев. Дополнително, дека не е можна посериозна дестабилизација вели професорот, говори и тоа што функцијата Претседател на државава, нема големи надлежности.
XS
SM
MD
LG