Достапни линкови

Почнаа да пристигнуваат странски делегации и новинарски екипи


Странските делегации почнаа да пристигнуваат во Македонија каде утре ќе присуствуваат на погребот на Претседателот Борис Трајковски. До утре, како што информираат од Министерството за надворешни работи, во земјава треба да пристигнат 50-тина странски делегации.

Стигнати се Русија, Кина, Украина, Малта, Луксембург, Босна и Херцеговина, Палестина, Велика Британија, Иран, УНМИК, УНЕСКО, Финска, САД.

Докрајот на денот, во земјава ќе пристигнат, уште 15-тина делгации кој во периодот од 18 до 21 часот ќе положат венец пред одарот во Собранието, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Душко Узуновски.

Шефовите на делегациите ќе бидат пречекани од протоколот пред Собранието, придружувани од претставници на Армијата кој ќе го носат венецот на државата, кој шефот на делегацијата придружуван од четири претставници на Делегацијата, ќе го положи пред одарот во Собранието. Шефовите на Делегациите потоа ќе изразат сочувство на семејството Трајковски, а веднаш потоа ќе се впишат во книгата на жалост.

Шефовите на делегациите ќе остварат и кратки средби со вршителот на должноста, Претседател на државата Љупчо Јордановски.
Освен странски делгации во земјава присутни се и голем број странски новинари кои ќе го следат погребот на Претседателот Трајковски.

Бројот на акредитираните новинари од странство е околу 200. Најбројни екипи имаме од Италија, Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора.

Изјави Директорот на Агенцијата за информации Веле Митановски.
Неколку ТВ куќи од соседството ги ставиле на располагање своите технички екипи со репортажни коли за да им помогнат на Македонската радио телевизија за реализирање на преносот од утрешниот погреб на Претседателот Борис Трајковски.

Сакам посебно да ја нагласам иницијативноста на ТВ Бугарија, ТВ Србија и ТВ 21 од Косово, кои ставија на располагање технички екипи со репортажни коли и тоа бесплатно. Тие ќе помогнат МРТВ да ја изведе успешно, досега најсложената операција на директен пренос. ТВ преносот директно ќе оди и на МТ Нет, а ќе биде превземен и од Евровизија.

Потенцира Митановски.
XS
SM
MD
LG