Достапни линкови

Граѓаните на Македонија достоинствено се простуваат од претседателот Трајковски


Во холот на македонското собрание, врвулица од граѓани од Скопје и внатрешноста, од изутрината чекор по чекор, влегуваат да се поклонат пред посмртните останки на претседателот Борис Трајковски, крај ковчегот што е покриен со државното знаме, за да ги изразат пораките за Трајковски што остануваат во колективната меморија:

„Исклучителен човек, го трасира патот, како што треба, едноставно треба да се продолжи по тој пат.“

„Народот за него се најубаво вели, беше народен човек.“

„Општо го осознаваме вредноста на она што е вредно, после губитокот во Македонија.“


Букети свежо цвеќе кај одарот, каде почесна стража даваат припадниците на претседателската гарда, положуваат здруженија на граѓани, претставници од училиштата каде што учат децата на претседателот, претставници на медиумите, претставници на локалната самоправа. Тие во зградата на Собранието влегуваат паралалено од влезот пред кој влегуваат граѓаните. Продолжуваат да се испишуваат и последните пораки во книгата на жалост, што од Собранието е префрлена во домот на АРМ.

Со државнички почести, на гробиштата во Бутел, во наслебата Илинден, во Бардовци и во Велес се одржуваат погреби на посмртните останки на осуммината соработници на претседателот Трајковски и членовите на екипажот.
XS
SM
MD
LG