Достапни линкови

Ситуацијата генерално охрабрува, поради подготвеноста да се одговори на обврските


Генерално ситуацијата во Македонија охрабрува, бидејки постои подготвеноста на институциите да одговорат на обврските, велат во Институтот Евробалкан во контекст на безбедносно-политичката ситуација во земјава по авионската несрека во која загина претседателот Борис Трајковски.

Оттаму додаваат дека има и можности некои работи да излезат од контрола и тоа поради недостаток на политичка култура, институционални проблеми, како и недоволно јасна нормативна рамка за вонредни избори за шеф на државата во случај на престанок на мандот на претседателот по основ на смрт. Следејки го досегашното однесување на политичките партии, од Институтот, посочуваат

„Недостојно дегутантно да се злоупотребува со трагичниот настан, со ликот на досегашниот претседател. Да не дојде до инсинуации, шпекулации… Бараме независна, отворена, чесна кампања на политичките партии кои доколку навистина покажуваат толку респект за покојниот претседател, тоа треба да го покажат преку селекцијата на кандидатот, што ќе произлезе од нивната внатрешна селекција на кандидати,“

изјави Билјана Ванковска претседател на Советот за надворешна и безбедносна политика при Евробалкан.

Таа укажува и на опасности од флексибилно толкување на постојните правни норми кои се однесуваат на спроведување вонредни претседателски избори.

„Барем она што преку медиумите го слушаме, владата повикува на консунзус помеѓу експертите и политичарите, кои би нашле некое соломонско решение. Ние мислиме дека соломонско решение нема, дека треба да се почитуваат уставните принципи и она како е запишано, па тоа и реално да се покажува како прекус рок. Да не се лажеме, кампањата е веќе почната и веќе тече, низ разни изјави на одговорни личности, политичари и ќе тече во сите овие денови на церемонии итн.”

И покрај овие слабости, Ванковска посочува дека Македонија треба да го искористи фактот што соодветно реагираше во ситуацијата, за добивање на конкретна мегународна поддршка

„Светските очи се вперени во нас, Македонија ужива големи симпатии. Мислиме дека ова е моментум, во кој треба да се искористи оваа некоја поволна светлина која паѓа на Македонија и да се изврши „приситок“ на меѓународните фактори за помош земјата конечно да тргне во остварување на она што Трајковски го имаше како своја политика”
XS
SM
MD
LG