Достапни линкови

Напнатоста на Хаити продолжува


Хаити е мал остров населен од латино американци источно од Куба. Независен е веќе 200 години, но демократски устав има само 20 години. Хаити не успеа да воспостави стабилна демократска влада. По неколку неделното насилство претседателот Жан Бертранд Аристид ја напушти земјата, во која се стационираат француски и американски трупи за да ги заштитат дипломатските преставништва и да ги спречат бунтовниците да го нападнат седиштето на владата Националната палата.

По насилствата во Хаити и директната закана од бунтовниците врз главниот град Порто о Пренс, претседателот на малата островска држава ја напушти земјата и побегна во Централно Африканската Репблика. Соединетите Држави не интервенираа во Хаити, а зедно со Франција и Канада, како три држави со најтесни врски со оваа земја, сметаа дека претседателот Аристид беше пречка за воспоставување демократска влада. Американскиот државен секретар Колин Пауел, изрази олеснување што Аристид ја напушти земјата и надеж дека неговиот наследник Бонифације Александре ке се фокусира врз составувањето нова влада.

„Претседателот Аристид не беше способен да воспостави политички систем кој ке ги задоволи потребите на луѓето на Хаити и на сите ни стана јасно дека премногу ја користеше политичката власт на не пригоден начин. Мислам дека беше мудро и патриотски што се симна од власта.“

Ова го рече Пауел, но Аристид не е првиот лидер на Хаити со недостиг од демократски идеи. Според Стивен Џонсон, поранешен американски дипломат, проблемите на Хаити почнуваат по добивање на независноста во 1804 година.

„Хаити ја доби независноста воп херојска борба во време кога беше француска држава за меѓународна размена на робови. И хаичаните не беа добро подготвени за да се справат со проблемите. Моделот на владеење што го прифатија беше оној што го имаа кога беа под французите.“

Во Хаити владеа дикаторски режими, а дури во 1987 година се донесе демократски Устав Многумина, според Џонсон, се надеваа дека претседателот Аристид ке донесе демократија во земјата откако беше избран на првите претседателски избори. Тоа сепак не се случи. Стивен Џонсон верува дека Хаити има демократска иднина доколку транзициониот претседател Александре и другите цивилни лидери имаат повеќе време да се концентрираат врз политиката отколку врз воспоставувањето на поредокот во земјата.
XS
SM
MD
LG