Достапни линкови

Вашингтон: Џон Кери ќе биде кандидат на Демократите за претседател на САД


Веке е извесно дека сенаторот Џон Кери ќе му биде против кандидат на американскиот претседател Џорџ Буш на изборите во ноември годинава. Кери во трката за избор на кандидат на Демократската партија во супер вторникот победи во 9 од 10 држави во Соединетите американски држави. Иако технички сенаторот Кери се уште го нема освоено доволниот број делегати за партиската номинација, математички е речиси не можно неговиот сопартиец сенаторот Џон Едвардс да го стигне. Се очекува сенаторот Едвардс да се откаже од трката за претседателски кандидат на Демократската партија.
XS
SM
MD
LG