Достапни линкови

Нема негативни рефлекси врз економските движења


Трагичната смрт на Претседателот Трајковски, не се рефлектираше негативно врз економските движења во државата, немаше поместување на курсот на денарот што во вакви ситуации е практика, а компаниите без застој ги реализираа веќе склучените договори со своите надворешни партнери

„Вообичаени се извозите, кои што просечно секој ден извезуваат на традиционалните пазари во соседството или во земјите од Европската унија, и понатаму работат со исти активности. Исто така и во погед на увозот не се забележани некои поголеми осцилации. Така што може да се каже дека функционирањето на надворешно трговскиот промет, во овој период се движи во едно норамално ниво, односно без некои поголеми пореметувања.“

Вели Златко Ветеровски директор во Царинската Управа.

Изминатава неполна недела од смртта на Претседателот Трајковски, не се одрази негативно и врз тргувањето на Македонската Берза.

„Целата трговина на Македонската Берза се одвиваше во нормални рамки, со приближен пад од 1 до 2% или попречување во однос на претходните денови на тргување.“

Вели Милчо Ќупев директор во Македонска Берза.

Застој нема ниту во процесот на продажба на трите рудници за олово цинкова руда. Закажаните собраниа на доверители ќе се одржат во предвидениот рок и ако се заврши со прифаќање на најдобрата понуда, се очекува со експлоатација на рудата да се започне најдоцна за 40-тина дена, информира портпаролот на Министерството за економија Гоце Пачемски

„Според претходните планови, на 3-ти ќе се одржи собрание на доверителите на Рудникот Злетово, на кое треба да биде донесена одлука дали ќе биде прифатена понудата, понатаму следуваат и собраниата на доверители и на останатите два рудника.“

Проценките и на Министерството за економија и на експертите се дека, последните случувања во државата и во идниот период нема да предизвикаат застој во нормалните економски текови, односно смртта на Претседателот Трајковски нема да се одрази на евентуалната желба на потенцијалните инвеститори да инвестираат во Македонија.

„Засега нема индиции дека смртта на претседателот Трајковски ќе предизвика влошување во вкупните економски движења во земјата, од проста причина што се работи за несреќен случај. Никој од експертите не предвидува некое влошување во економските текови. Засега се е во нормала.“

вели Пачемски.

Од денеска на граничните премини се очекува зголемена фрекфенција на товарни возила, со оглед на фактот што започнува извозот на раноградинарските производи во соседните земји.
XS
SM
MD
LG