Достапни линкови

logo-print

Приштина: Нано оцени дека Косово е на патот на евро-атлантските интеграции


Албанскиот премиер Фатос Нано, кој се наоѓа во посета на Приштина, оцени дека Косово е на патот кон евро-атланските интеграции и оти тој процес не може да се врати назад. Нано изјави дека мора да бидат остварени стандардите за Косово, што ги одреди меѓународната заедница, а го подржа и дијалогот меѓу Белград и Приштина за решавање на техничките прашања од заеднички интерес.
XS
SM
MD
LG