Достапни линкови

Првиот изборен круг во рок од 40 дена


Не станува збор за колизија мегу Уставот и Законот за избор на претседател, туку само за прецизирање на роковите за изборните дејствија во случај на утврдување на престанок на мандатот на претседателот по основ на смрт. Притоа нема ниту простор за политички калкулации за промена на изборниот модел, објаснува експертот од областа на изборни системи, Наташа Габер Дамјановска советник во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања:

„Веќе не можеме ни да расправаме, тоа е тоа што е, не верувам дека сега постои можности подлабоко да се размислува за тоа какви реперкусии би имало, посебно за ова што се дискутира, за вториот круг, дали ако се оди на втор круг ќе се обезбеди потребното мнозинство граѓани да излезат на изборите итн. Премногу е краток рокот за да правиме таков тип на размислување.“

Според неа во овој момент треба да се работи само во насока која ке овозможи непречено функционирање на системот. Уставот и законот за избор на претседател предвидуваат дека изборот на нов претседател во случај на престанок на мандатот по основ на смрт се врши во рок од 40 дена. Престанокот на мандатот по службена должност го утврдува Уставниот суд по добивање на потврда за смртта од официјалните државни институции. Ова е единствениот период во кој може да се пролонгира утврдувањето на престанокот на мандатот, велат експертите. А токму по ова прашање од Уставниот суд информираат дека чекаат само да заврши процесот на идентификација на телата на загинатите по што веднаш на итна седница ке се констатира престанок на мандатот на претседателот. За дилемите дали во тој рок треба да се одржи само првиот круг на избори или да заврши целата изборна постапка Рената Дескоска од Правниот факултет вели:

„Овој рок од 40 дена можеме да го толкуваме како рок во којшто треба да се изврши гласањето за претседател, доколку не се избере, тогаш се оди на втор круг, но тоа не значи дека вториот круг треба да се изведе во тие 40 дена. Бидејќи според словото на законот, изборот се врши во рок од 40 дена, значи граѓаните избираат претседател во рок од 40 дена, тогаш се оди на втор круг. Може да се случи и во вториот круг да не се избере претседател, тогаш се оди на потворување на изборите.“

Дескоска посочува и кои рокови од законот треба да се прецизираат во ваков случај

„Потребно е да се обрне внимание на роковоте во коишто се доставуваат листите на кандидати за ДИК, роковите во коишто кандидатите може да се откажат од постапката, рокот за собирање потписи од граѓаните за предлагање кандидати исто така треба да се скрати затоа што тој според измените од 99 година, почнува 15 ден по распишувањето на изборите, а трае 15 дена. Значи 30 дена е даден рок, што значи на овие кандидати им остануваат уште само 10 дена за кампања.“
XS
SM
MD
LG