Достапни линкови

За сега идентификуван еден од загинатите


Примероците од ДНК од деветте настрадани изутрината се префрлени во Сараево, Скопје и Загред за да се утврди идентификацијата на телата. Како што за нашето радио потврди доктот Ханза Жујо утврден бил идентитетот на само едно лице, за три се претпоставува, но со сигрност не може да се потврди идентификацијата. Според неговите зборови, процесот на идентификација би можело да потрае до крајот на неделава. Неофицијално дознаваме дека се уште не е идентификувано телото на македонскиот претседател Борис Трајковски. Поради тешкотиите со овој процес не се знае ни кога ќе биде погребот на деветемина загинати во авионската несреќа. За време на вчерашната посета на Мостар, македонскиот премиер Бранко Црвенковски изјави дека не сака да зборува за причините на несреќата ниту за одговорноста на СФОР. Тој додаде дека никој нема да биде изземен од одговорноста па ни францускиот контролр на летањето, припадник на СФОР.

Црвенковски рече деке не знае каде ќе бидат отворени црните кутии, но оти знае каде нема да бидат отворени, алудирајќи на Франција. Се уште нема официјална потврда на медиумските шпекулации дека кутиите најверојатно би можело да биадт отворени во Нирнберг. Заменик јавниот обвинител на Македонија Роксанда Крстевска ги отфрли и наводите дека кутиите ќе бидат префрлени во Македонија. Во изјавата за нашето радио таа ја отфрли и можноста причина за падот на авионот да била експлозија. Дека имаше премногу дезинформации, особени во првиот ден на несреќата на македонскиот премиер му беше потврдено од страна на заменик командантот на СФОР во Босна и Херцеговина. Но СФОР и натаму демантира дека би можело да се случи некаква гречка во водењето на авионот на македонската влада.
XS
SM
MD
LG