Достапни линкови

Москва: Путин го предложи Михаил Фрадков за нов премиер


Рускиот претседател Владимир Путин денеска за нов премиер го предложи Михаил Фрадков кој беше поранешен шеф на даночната полиција, а сега е претставник на Русија во Европската Унија. Се претпоставува дека пеесет и три годишниот Фрадков ќе добие поддршка од Думата, бидејќи во неа доминира партијата Единствена Русија која го поддржува Путин. На дваесет и четврти минатиот месец Путин ја распушти владата на премиерот Михаил Касјанов.
XS
SM
MD
LG