Достапни линкови

Каламата: Силен земјотрес, мала материјална штета


Силен земјотрес од пет запирка четири степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди грчкиот град Каламата, двесете и четириесет километри југозападно од Атина. Грчките медиуми јавуваат дека материјалната штета била мала поради тоа што овој пелопонески град наново бил изграден според најстрогите стандарди во илјада деветстотини осудесет и шестата година откако беше разорен од земјотрес со сила од шест запирка два Рихтерови степена. Според извештаите, во синоќешниот земјотрес една жена починала од срцев удар, додека еден старец потешко бил повреден, скокнувајќи од балконот.
XS
SM
MD
LG