Достапни линкови

Багдад: Постигнат договор за привремениот Устав


Владејачкиот совет на Ирак постигна договор за привремениот Устав на земјата со што е направен клучниот чекор во рамките на американскиот план за враќање на суверенитетот на ирачаните. Исламот ќе биде официјлна државна религија и извор на законите, соопшти портпаролот на ирачкиот владејачки совет Хамид Кефеј, додавајќи дека, исто така како облик на владеење во земјата е предвиден федерализмот. Уставот треба да послужи како рамка за преодната влада која на триесети јуни годинава ќе го преземе суверенитетот од коалиционата администрација во Багдад предводена од Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG