Достапни линкови

Лос Анџелес: Најмногу Оскари за „Господар на прстените“


Филмот Господар на прстените: Враќањето на кралот е апсолутен победник на годинашното доделување на наградите Оскар. Завршниот дел на трилогијата на Толкиен ги доби единаесете Оскари за колку и што беше номиниран овој филм. Меѓу нив и за најдобра камера и за најдобар режисер. За прв пат во седумдесет и шест годишната историја на Оскар некој филм да победи во сите категории за кои бил номиниран. Шон Пен и Шарлиз Терон добија Оскар за најдобри актери, додека Рене Зелвегер и Тим Робинс за најдобри споредни улоги. Француско канадската комедија Варварски инвазии го доби Оскарот за најдобар странски филм.
XS
SM
MD
LG