Достапни линкови

Почнуваат подготовките за организирање погреб на претседателот Трајковски


Втор ден од тридневната жалост во Македонија минува во атмосфера на одвање последна почит на загинатите во авионската несреќа. Тревникот пред Собранието е локацијата каде што граѓаните го изразуваат своето сочувство палејќи свеќи и положувајќи цвеќе додека во парламнтот тие пишуваат последни пораки и впечатоци во книката на жалоста што е отворена од вчера. Книги на жалостта се отворени и во касрните и во дипломатските претсвништва. Специјалното тело на македонската кое вчера официјално поврди дека нема преживеани во авинската несреќа во близината на Мостар ги почнува подготовките за организирање на погреб на претседателот Борис Трајковски со нависоки државнички почести:

„Подготовките веќе почнаа да се преземаат. Сигурно сеуште нема да се тврди кога ќе се донесат телата. Зависи од активностите на теренот, но и од други околности. Имаме некои најави, можеби за денес, можеби за утре, но во текот на денот ќе знаеме повеќе.“

изјави портпарлот на владата Сашо чилаковски
Освена на претседаѕелт Владата ке го организира и погребот на останатите 8 мината членови на екипажот. Доколку телата на загинатите по обдукцијата во Мостра со авион да бидата пренесини во државава во текот на утрешниот ден или утре погребот на Трајковски според некои информации да биде извршен во вторник на алејата на великаните на гробиштата во Бутел. За организаирање на присуството на странските државници на погребот задолжено е Минситерството за надворешни работи каде што веке се започнати подготовките во тој дел:

„Преземени се првите чекори, организирани се тимови, коишто ќе ги дочекуваат и организираат престојот на делегациите коишто веќе најавуваат дека ќе бидат во Република Македонија,“

изјави портпаролот на миснитерството за надворешни работи Душко Узуновски. Веке присуствуваат најави за присуство на голем број странски државници на погребот на Претседателот Трајковски велат во МНР:

„Броен е интересот, не може сега конкретно да ги набројам големиот број делегации коишто покажуваат интерес, но наскоро ќе излеземе и со таква информација откако ќе ги знаеме и точните термини за церемонијата.“

Во соработка со надлежните минситерства во истовреме почнуваат да се планираат мерките за безбедност што ке бидат преземени. Паралелно со организирањето на погребот, владата продолжува да остварува средби и со политичките лидери од власта и од опозицијата. По вчерашната средба на Црвенковски со лидерите на ЛДП, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска средба со лидерите на ДПА и ПДП, Арбен Џафери и Абдулеман Беџети. Владата од политичките претставници меѓу другото, бара консензус за измени во законите за организирање предвремени претседателски избори:

„Има колизија меѓу уставот и законот за избор на претседател. До сега сме немале ваква ситуација. Група експерти работат на изнаоѓање на решение, и многу бргу ќе треба да се појават со варијанти кои би биле и треба да бидат прифатливи и за поширок партиски консензус на партиите во Собранието.“
XS
SM
MD
LG