Достапни линкови

Формирано координативно тело за погребот на претседателот Трајковски


Од специјалното тело на владата коешто се наоќа во Мостар е добиена и официјална потврда дека нема преживеани во авионската несреќа. Во тек е процес на собирање и транспорт на телата во Мостар по што ќе следи идентификација во којашто, како што беше кажано на прес-конференцијата, ќе се вклучат и претставници на нашата крим-служба и судската медицина. Може да се очкува, ако се оди непречено, идентификацијата да биде завршена до крајот на утрешниот ден, рече министерот Хари Костов, но прецизираше дека ова претставува пооптимистичко гледање што се однесува до идентификацијата. Во Мостар е пронајден и уредот кој има улога на црна кутија во авионот и тој ќе биде испратен на испитување во релевантна институција во Париз. По оваа информација што ја потврдува трагедијата, владата формираше одбор за погребуавње на претседателот, а локацијата веројатно ќе биде на партизанските гробишта во Бутел. Инаку, денеска во Собранието ќе биде отворена книга на жалост и неа прв ќе ја потпише премиерот Црвенковски, а книги на жалост ќе бидат отворени и во касарните, каде што ќе се потпишуваат војниците и во дипломатските претставништва. Во меќувреме во владата во тек е средба меќу премиерот Бранко Црвенковски и лидерите на ЛДП и ДУИ, Ристо Пенов и Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG