Достапни линкови

logo-print

Пронајдени телата на претседателот Трајковски и настраданите членови на македонската делагација


Спасувачките и деминирачките екипи ги пронајдоа телата на сите настрадани членови на македонската делегација и на претседателот Трајковски и остатоците на авионот кој се урна покрај Хусовики – општина Столац на југот на Босна и Херцеговина. Патот меѓу Столац и Мостар е блокиран од полициските и силите на СФОР, а на новинарските екипи се уште не им е дозволен пристап на местото на настанот. Се врши истрага и на местото се експертски екипи за истрага. Делови од авионот се растурени во круг од 200 местри. Шефот на тимот Драган Шотра за Радио Слободна Европа, изјави.

„Подрачјето е оградено, се е прегледано, нашата работа е завршена. Сега работи државната комисија, а патолози работат врз идентификацијата на загинатите.“

На прес конференцијата во Мостар, министерот за правда на македонија Иџет Мемети им се заблагодари на босанските власти за помошта. Тој не рече дали побарал да му се предаде црната кутија од авионот и последниот снимен разговор меѓу контролата за летање од мостарскиот аеродром, што го контролираат француските сили на СФОР, и македонскиот пилот. Новинарите не добија и некои други објаснувања од СФОР. На прашањето како е можно СФОР по последниот разговор со пилотот да го бара авионот 15 километри подалеку од местото каде што подоцна е пронајден. Мајор Саливен рече дека треба да се земат предвид суровите временски услови и дека тие го барале авионот на терен за каде што го снемало авионот од радарот. Сеуште нема официјални информации за причините за несреќата. Во осна и Херцеговина денеска е ден на жалост по повод на загинувањето на македонскиот претседател.
XS
SM
MD
LG