Достапни линкови

logo-print

Избори во рок од 40 дена по престанокот на претседателската функција


Уставниот суд е надлежен орган кој се свикува по службена должност и носи одлука за престнок на мандатот на шефот на државата. Тоа се случува по добивање на официјално известување од страна на надлежните државни органи со кое се потврдува смрт, оставка или трајна спреченост на претседателот да ја врши функцијата, објаснуваат експертите. По донесувањето на одлуката на Уставниот суд се применува член 4 од Законот за избор на претседател кој вели во случај на престанок на мандатот на претседателот на републиката, од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Тања Каракамишева доцент по уставен систем на Правниот факултет вели:

„Изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на маднатот.“

За активностите кои треба да се спроведат во утврдениот рок од 40 дена, Каракамишева прецизира дека станува збор за вообичаени подготовки за изборен процес

„Во рамките на изборните процеси се утврдени самите акти односно дејствија околу кандидирањето на претставници за избор на претседател. Изборните процеси понатаму се организираат со печатење на избирачки ливчиња и сето она што следи како изборно дејствие. Тоа треба да се направи на ист начин како и за сите други изборни активности. Значи целата процедура изборна е врзана со техничко административно утврдување на активностите коишто се врзани со ДИК и со изборните комисии на теренот.“
XS
SM
MD
LG