Достапни линкови

Вашингтон: Средба Шредер - Буш


Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска во Вашингтон ќе се состане со американскиот претседател Џорџ Буш во обид да биде надминат јазот меѓу двете земји создаден со интервенцијата во Ирак. Двајцата лидери, како што е најавено, ке разговараат за реконструкцијата на Ирак, за глобалната војна против тероризмот и за билатералните односи. Шредер вчера во Чикаго предупреди дека слабиот долар им штети на европските трговски интереси.
XS
SM
MD
LG