Достапни линкови

Активности за поголема соработка и унапредување на односите со сите држави


Претседателот Борис Трајковски стапи на должност на 15 декември 1999 година како втор претседател на Република Македонија. Од почетокот на неговиот мандат тој беше активен на меѓународен план, при што оствари бројни билатерални средби со шефови на држави и влади. Тој учествуваше и одржа говори на повеке мегународни форуми, како Светскиот економски форум во давос, Советот на Европа, обединетите нации, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и во парламентите на повеке земји. Неговите активности беа насочени кон поголема соработка и унапредување на односите на земјава со сите држави.

На внатрешен план претседателот беше познат како човек кој во време на конфликтот во 2001 година ги координираше политичките субјекти. Под негово покровителство се одржуваа и разговори кои на 13 август 2001 година резултираа со потпишување на рамковниот договор кој е познат како документ со кој се стави крај на конфликтот.

Во духот на добрата соработка Трајковски одржуваше редовни контакти со владата, собранието и разни здруженија. Особен акцент во соработката тој ставаше и на контакти со граѓаните, патуваше низ целата земја и се запознаваше непосредно со нивните секојдневни проблеми.

Во текот на својата кариера од 12. декември 1998 Трајовски беше заменик министер за надворешни работи во време на владата на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски. Тоа беше период во кој Македонија беше соочена со бран на бегалци од Косово, а тој беше прв човек на владиното тело за справување со кризата и координираше со помошта за косовските жители.
Освен овие функции тој беше и шеф на кабинетот на градоначалникот на скопската општина Кисела Вода до 1998. Во текот на неговата кариера тој беше и на должност претседател на Комисијата за надворешна политика во рамки на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку претседателот Борис Трајковски, правник по професија, беше роден на 25 јуни 1956 година во Струмица, ,женет, татко на две деца Сара и Стефан.
XS
SM
MD
LG