Достапни линкови

Македонија во шок


Македонија е во шок, по добиената информација за авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски. Сите медиуми со вонредни вести ги прекинаа своите програми за да информираат за овој несреќен случај. Од државните органи, за сега, нема официјални информации во врска со авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски. Според првични, неофицијални информации од неговиот кабинет, во авионот Кингер, со кој летал претседателот Борис Трајковски за Мостар се наоѓале седум патници и двајца членови на екипажот. Со него патувале и двајца советници, Ристо Блажевски и Анета Лозановска, како и Димка Илкова Бошковиќ, засолжена за контакти со јавноста. Веднаш по несреќата извори од МВР информираа дека успеале да контактираат со пилотот и оти тој бил контактибилен, но подоцна истата информација изворите од МВР не сакаа да ја коментираат.

Поради оваа авионска несреќа, како што повтди владиниот портпарол Сашо Чолаковски одложена е и апликацијата за членство во ЕУ, која денеска и официјално требаше да се случиво Даблин. Македонската делегација, предводена од премиерот Бранко Црвенковски се враќа во Македонија:

„Ја чувме веста за паѓањето на авионот на претседателот Трајковски и церемонијата на предавањето на апликацијата е откажана и веднаш се враќаме за Скопје, со тоа што ќе има вонредна седница веднаш штом слетаме,“

изјави портпаролот Сашо Чолаковски.

И државните институции ги одлагаат сите планирани активности. Одложена е денешната собраниска седница на која на дневен ред беа пратенички прашања, потврдија од собраниските служби. Министерството за одбрана ги одложи планираните активности за денеска, во врска со десет годишнината од формирањето на единицата за специјални итервенции на АРМ. Претседателот Борис Трајковски денеска и утре требаше да претстојува во Мостар каде се одржува меѓународната конференција за инвестирање во БИХ. Новинарските екипи од Македонија кои требаа да го следат овој настан, за Мостар отпатуваа синоќа со автобус.
XS
SM
MD
LG