Достапни линкови

logo-print

Анкара: Земјотреси во Турција и Тајван


Само два дена по катастрофалниот земјотрес во Мароко, два умерени земјотреси утринава ги потресоа Турција и Тајван. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за причинета поголема материјална штета.

Два земјотреси со умерен интензитет го потресоа јужниот дел на Турција. Епицентарот на првиот земјотрес, со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, се наоѓал во близина на медитеранското летувалиште Финике, додека епицентарот на вториот потрес, со интензитет од 5 степени според Рихтер, бил во турскиот град Челихан.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер утринава е регистриран и во југоисточен Тајван, а потресот е почувствуван и во главниот град Тајпеј.

Сеизмолошкиот центар во Тајпеј соопшти дека епицентарот бил во крајбрежниот предел Илан, пет километри под морето.
XS
SM
MD
LG