Достапни линкови

Мостар: Откажана конференцијата за инвестирање во БИХ


Меѓународната конференција за инвестирање во БиХ, која денеска требаше да се одржи во Мостар, е откажана поради уривањето на авионот со кој патуваа претседателот Борис Трајковски и уште осум патници и членови на екипажот.

Поради лошите временски услови и густата магла во БиХ, своето патување во Мостар го откажаа претседателите на СЦГ и на Хрватска, Светозар Маровиќ и Стипе Месиќ и премиерите на Албанија, Словенија и Хрватска, Фатос Нано, Антон Роп и Иво Санадер.
XS
SM
MD
LG