Достапни линкови

logo-print

Претседателот Трајковски загина во авионска несреќа


Портпаролот на министарството за внатрешни работи на Федерацијата на БиХ Неџат Везагиќ и официјално потврди дека се пронајдени остатоците на авионот на македонскиот председател Борис Трајковски што се урна изутрината на подрачјето меѓу Љубиње и Столац.

„За жал мораме да ги потврдиме информациите дека сепак авионот н со кој македонската делегација доаѓаше на конференцијата во Мостар е урнат. Екипите на ЕСФОР ги пронајдоа остатоците и потврдија дека сите лица што се наоѓале во авионот се мртви.“

Инаку силите на ЕСФОР претходно извршија потрага со хеликоптери . Авинот се урнал во селото Врхник на подрачјето на Република Српска, три километри југоисточно од Столац. Силите на СФОР потврдија дека авионот последен пат се јавил на конторлата на летањето на мостарскиот аеродром во 8 часот и триесет и еден минути по што е прекината секоја комуникација со леталотоо. Силите на СФОР го блокирааа подрачјето каде се урна авионот и не дозволуваат пристап . Населението од Столац вели дека во тоа време во регионот владеела густа магла проследена со дожд. Инаку, се зборува дека станува збор за подрачје што било минирано за време на воените судири во Босна и херцеговина, но тоа не е потврдено. Како што дознаваме од Скопје е тргнат авион со специјални спасувачки екипи на македонската влада кои ќе и се приклучат на операцијата. Претседавачот на председателството на БИХ и шефот на органзииациониот одбор на меќународната инвестициона конференција во Мостар Драган Човиќ на отворањето на конференцијата на која требаше да учествува и македонскиот претседател изјави.

„Почитувани дами и господа ценети учесници на конференцијата за инвестирање во Босна пред формалното отворање на денешниот собир сакам да ве известам дека според сеуште непотрвдени вести авионот што ја превезуваше македонската делоегација на чело со председателот Борис Трајковски доживеа несреќа.“
XS
SM
MD
LG