Достапни линкови

Мостар: Се урна авионот со кој патуваше претседателот Трајковски


Авионот од типот Кингер со кој патуваше македонската делегација предводена од претедателот Борис Трајковски денеска се урна во близина на Мостар кај Столац, јавува МИА. Ирскиот премиер Берти Ахерн соопшти во Даблин дека македонскиот претседатетел Борис Трајковски денеска загинал во авионска несреќа во Босна и Херцеговина. Во авионот, покрај Трајковски, се наоѓале и Димка Илковска-Бошковиќ - советник во Кабинетот на претседателот, Ристо Блажевски - советник во Кабинетот на претседателот, Анита Лозановска - советник во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски - Министерство за надворешни работи, Борис Велинов - обезбедување, Аце Божиновски - обезбедување, Марко Марковски - пилот и Бранко Ивановски - пилот. Авионот требало да слета во 8 часот по локално време. Причините за несреќата засега не се познати. Дел од босанските медиуми јавија дека во моментот на исчезнувањето на авионот од радарот, во тој дел имало невреме. Во врска со несреќата на авионот во кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски, силите за стабилизација на мирот во Босна (СФОР) го затворија воздушниот простор над Босна. Во Мостар поради несреќата на претседателот Трајковски не пристигнаа албанскиот премиер Фатос Нано и претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ.
XS
SM
MD
LG