Достапни линкови

Можеше да се добие и повисока цена од потенцијалните купувачи


Трите рудника за олово-цинкова руда можеа да бидат продадени по многу повисока цена од онаа која ја понудија потенцијалните инвеститори тврди стечајниот управник на рудникот „Злетово“, Зоран Денковски.

„Цената која е понудена сметам дека е релативно ниска.“

Организирањето на средби помеѓу рударските експерти на една недела пред отворањето на понудите за продажба на рудниците каде се истакнуваат предностите на овие капацитети е задоцнето решение маркетингот и презентирањето на тоа што нудиме требаше да се случи многу порано и многу поорганизирано.

„Тоа што се пропагираше е крајно несериозно затоа што се преземаат после десет години, кога настанува ептен голема дубиоза.“

Шефот на координативното тело на „Саса“ Власто Стојменовски вели, доколку идниот газда на рудниците има намера рентабилно да работи ќе мора во најмала мера да инвестира дупло повеќе средства од оние кој ги има вложено за нивното купување.

„Новиот сопственик, ќе има една задача не само да очекува профит туку и да инвестира многу повеќе пари од овие понуди, за да на некој начин може да дојде до едно производство, кое ке му дава профит.“

Она што е сигурно е дека од прифаќањето на понудата, идниот сопственик најдоцна за еден месец ќе може да почне со нормална експлоатација на рудата.

„Почнувајќи од електро постројки до машински дел, до експлоатација.. е во едно одржување и во една состојба на работна способност,“

вели Маринко Саздовски стечаен-управник на рудникот „Тораница“. Според анализите, од вкупниот број на вработени кој во моментов се наоѓаат под Заводот за вработување на работа ќе бидат повикани од 60 до 70% и тоа најголемиот дел ќе бидат рудари со оглед на фактот што огромен вишок е констатирано кај администрацијата во рудниците.

„Најдобрата понуда од 4.4 милиони евра за трите рудника ја достави фирмата асет груп од Панама, која преку своите сестрински фимри веќе е влезена во МХК „Злетово“ и „Злетово батерии“, чии приватизации се оспорени и низ судовите во републиката веќе се водат спорови.“

Компанијата е содружник со Инвестас, која е влезена во Топилница и исто така со фирмата „Фап“ за производство на акумулатори од Пробиштип.

Продажбата на рудниците во пакет без притоа да биде вклучена и велешката топилница, рударските експерти го коментираат како погрешен чекор. Причината е едноставна велат тие, доколку топилницата не работи во склоп со рудниците економски таа неможе да функционира. Последиците ќе бидат, на следниот меѓународен тендер за продажба на топилницата интерес ќе пројави единствено онаа фирма која ќе ги купи трите рудника, а тоа ќе значи купување за ефтини пари и на овој топилнички капацитет, поради немање на конкуренција.
XS
SM
MD
LG