Достапни линкови

Исполнувањето на условите на ЕУ ќе донесе поквалитетен живот за граѓаните


Реализирањето на обврските од Договорот за Асоцијаија и Стабилизација не задоволува, вели Слободан Чашуле од ВМРО-ДПМНЕ кој во времето на потпишување на овој договор беше заменик шеф на македонскиот преговарачкиот тим:

„Една работа мора да разбереме, ние сме ги направиле правните и политичките стандарди што ги бара Унијата, тоа не е тешко, тоа е бирократска работа и ова собрание е решено да ги изгласа. Меѓутоа, ние мора да создадеме економија, мора да создадеме економски амбиент, стопанство, кое ќе биде кадарно кога ќе влеземе во ЕУ да ја издржи конкуренцијата.“

Со аплицирањето за членство во Унијата враќање назад нема, вели Чашуле

„Ќе постигнеме две работи: ќе ги забрзаме економските реформи и ќе ја натераме владата да престане со неспроведувањето на принципот на владеењето на правото. Да се обезбеди максимална заштита на инвеститорот, оти без тоа нема да направиме поголем стопански пораст и чекор напред.“

Експертите пак сметаат дека македонските граќани со поднесувањето апликација за членство во ЕУ нема да добијат ништо. Директорот на Институтот Евро Балкан професорот Јован Донев вели:

„Она што би требало да го добијат граѓаните на Република Македонија е тоа што остварувањето на сите услови што ги бара ЕУ ќе донесат среднорочно подобар квалитет на живеење.“

За Македонија клучно прашање е дали по поднесувањето апликација ќе постои политичка волја за да се применат стандардите на ЕУ

„Секои реформи се болни, и тие имаат негативен ефект врз рејтингот на политичарите. Секој сегмент од општественото живеење ќе претрпи влијание“

изјави професорот Донев.
XS
SM
MD
LG