Достапни линкови

Токио: ОН решени да им помогнат на Ирачаните


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан во Токио изјави дека Светската организација е решена да му помогне на ирачкиот народ во преземањето на контролата на својата иднина. До оваа негова изјава дојде откако во вчерашниот извештај Обединетите Нации наведуваат дека не е можно да се организираат избори во Ирак пред почетокот на идната година. Во извештајот се препорачува формирање независна ирачка комисија која би ги испланирала изборите. Американскиот администратор во Ирак Пол Бремер го поздрави овој извештај на Обединетите Нации, оценувајќи го како конструктивен придонес за трансферот на власта во таа земја предвиден за триесетти јуни годинава.
XS
SM
MD
LG