Достапни линкови

Почнува собирањето потписи за референдум за територијалната поделба


На иницијатива на Светскиот македонски конгрес од денеска во подрачните единици на министерството за правда ке се собираат потписи од 150 илјади грагани за распишување референдум за неменување на општинските граници. Рокот за собирање на потписи е шест месеци, но како што велат во оваа организација, тој ке биде прекинат штом ке биде исполнет потребниот број потписи, по што Собранието е обврзано да распише рефетрендум. Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров вели дека оваа иницијатива не значи дека постојната територијална поделба е идеална и објаснува која е причината за спроведување референдум

„Почетокот на некаква наводна децентрализација со нова територијална поделба е само создавање заблуда и создавање тензии, меѓу граѓаните на етничка основа, бидејќи предлогот на владата ја менува етничката структура на населението, со прекројувањето на општинските граници. Со механичко додавање на определен број села од една во друга општина, нивно окрупнување се создава променета етничка структура на населението. Тоа придонесе голем број општини да распишат општински референдум, за да ја изразат волјата на граѓаните за задржување на постојните граници на општините. Сегашната територијална поделба не е идеална, меѓутоа во моментов е најоптимално решение“

Мегународните претставници пак сметаат оти граганите на државно ниво не може да одлучуваат за границите на општините

„Јас не верувам дека ова е начин да се реши реогранизацијата на локалната самоуправа. Верувам дека е сосема погрешно на пример лугето во Скопје да гласаат какви би биле општинските граници во некои општини во јужниот дел на Македонија или било кој друг дел од земјата. Вакви референдуми треба да се одржуваат во општините, не на национално ниво, зборуваме за општини во земјата и власт на локално, а не на државно ниво.“

изјави Овен Мастерс, експерт на Советот на Европа во земјава. Во мегувреме пак во Собранието на дневен ред е нацрт законот за градот Скопје кој предвидува формирање на девет општини. Тоа значи дека покрај постојните седум општини се предлагаат две нови, Аеродром и Бутел, а оставена е алтернатива Арачиново да се припои кон Скопје. ДПА пак бара освен Арачиново, кон главниот град да се припојат и Сарај, Кондово, Студеничани и Зелениково со што Скопје би станало двојазично.
XS
SM
MD
LG