Достапни линкови

Најавена блокада на железничкиот сообраќај


Доколку на 26 февруари Управниот одбор на „Македонски железници“ ја прифати трансоформацијата на ова јавно претпријате така како што сега е предложена, тоа ќе значи дека 950 вработени веднаш ќе мора да ги напуштат своите работни места. Мнозинските синдикати во железници со најава, ако тоа се случи, наредниот ден на 27 ќе има комплетна блокада на железничкиот сообраќај.

„Ќе има блокада.“

вели Марјан Ристевски, претседател на Независниот синдикат на железничарите. И во синдикатот се сложуваат дека во „Македонски железници“ има вишок вработени. Што значи, не е проблемот во тоа што некој од вработените ќе мора да ги напуштат своите работни места, проблемот е што тие кој ќе си заминат ќе бидат испратени без обезбеден социјален пакет.

„Сакаат да не бркаат без пари, од една до осум плати, нема никаков социјален пакет.“

Стравуваме од последиците, кој доколку се реализира ваквата трансформација ќе станат реалност. На тврдењето на ристевски се придодава и Златко Јовановски претседател на синдикатот на машиновозачите.

„На улица ќе останат 900 луѓе социјални случаи, што ќе прават тие луѓе, значи уличари ќе станат.“

За луѓето од министерството за транспорт и врски ситуацијата е јасна трансформацијата мора да се спроведе така како што веќе е договорено со Светската банка. Вака предложениот модел предвидува „Македонски железници“ да се подели на два дела, транспорт и инфраструктура:

„920 мора да одат во првата фаза, а дали ќе има и која бројка ќе биде во иднина тоа ќе биде во согласност со планот за трансформација,“

вели заменик министерот за транспорт и врски Дејан Кошутиќ. Јовановски со конкретен предлог за разрешување на проблемот.

„Ние затоа децидно ќе стоиме за нашите барања, од 7 до 7,5 илјади евра да се добие отпремнина, а со стаж на жени над 30 години, мажи над 35 години да одат редовно во пензија.“

И додека од железници најавуваат комплетна блокада на сообраќајот, веќе една недела синдикатот на машиновозачите штрајкува со редуцирано одвивање на сообраќајот. Се штрајкува за две неисплатени плати, а досега ефектите никакви.
„Статус кво е сега за сега, никој уво не му свири. Имаше состаноци со генералниот директор, ама немаше успех, ни вети половина плата до петок, ама и тоа не го добивме.“

Во моментов во железници работат 3700 вработени.
XS
SM
MD
LG